четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Почнува изградбата на 400 киловолтен далновод Битола – Елбасан

    Со оваа инвестиција, како што велат од Владата, ќе биде ставен во функција електроенергетскиот коридор Исток – Запад, што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија, до Италија

     

    Во близина на Охрид, утре почнува изградба  на 400/110 киловолтна трансформаторска станица.

    Со поставување на камен темелникот на овој објект  почнува реализацијата на 400 киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од коридорот 8, информираат од Владата.

    Со оваа инвестиција, како што велат од Владата, ќе биде ставен во полна функција електроенергетскиот коридор Исток – Запад, што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија, до Италија.

    На утрешниот настан, по повод почетокот на реализацијата на овој проект, покрај премиерот Зоран Заев, обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски, Благој Бочварски, и за економија, Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и генералниот директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани. На настанот ќе се обратат и претставници на Делегација на ЕУ, како и на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

    “Оваа капитална инвестиција е од огромна важност во градење на поразвиена и постабилна енергетска инфраструктура во нашата држава и регионот“, оценуваат од Владата. 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ