понеделник, април 22, 2024
spot_img
Повеќе

    Парното поскапува од 14,18 до 16,31 проценти

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на парното во Скопје од 1 август, при што топлинската енергија што ја обезбедува најголемата мрежа во градот (досега БЕГ) поскапува за 14,18 отсто, парното што се обезбедува во Железара ќе биде поскапо за 15,5 отсто, а во Скопје Север за 16,31 отсто.

    Тоа значи дека кај просечна сметка за топлинска енергија од 1.800 денари, зголемувањето би било 250 денари.

    Околу 60.000 скопјани се греат на парно, а најголемиот дел од нив се греат на парното на БЕГ.

    Како што информираше претседателот на РЕК, Марко Бислимоски, на денешната прес-конференција, единствена причина за поскапувањето на парното е зголемувањето на цената на природниот гас која што сега е 10 пати поголема од минатиот период. С Македонија на оваа цена не може никако да влијае, бидејќи во целот увезува гас.

    Се предвидува ТЕ-ТО да обезбеди 70 проценти од потребната топлинска енергија, а 30 проценти да се обезбедат од топланите.

    Доколку ТЕ-ТО не работи и ако нема субвенции од државата, како што посочи Бислимоски, цената би се зголемила за над 100 проценти.

    – Доколку не е можно да се увезат потребните количини на природен гас за производство на топлинска енергија во ТЕ-ТО и топланите, тогаш сета потребна топлинска енергија ќе мора да се произведе во топланите со користење на мазут, што е многу неповолно од еколошки аспект, и е ризично заради потенцијалната неможност да се обезбедат потребните количини на мазут, рече Бислимоски.

    Апелира до сите потрошувачи, почнувајќи од институциите на централно и локално ниво, во грејната сезона да ги следат препораките на ЕУ за штедење и намалување на греењето.

    -Еден степен намалување на температурата овозможува заштеда на енергенс од околу 5 проценти, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ