четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Пад на производството на струја во јули за разлика од ланското производство во овој период

    Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на електрична енергија во јуни 2020 за разлика од ланското производство бележи пад од 3,6 %. Годинешното производство е 481.329 MWh, додека ланското производство било 499.516 MWh.

    Најголемиот пад од дури 27 % е забележан кај термоцентралите, овогодинешното производство во јули изнесувало 164.667 MWh, за разлика од ланското производство во овој период од 225.694 MWh.

    За разлика од производството на електрична енергија од фосилни горива, кај производството на струја од обновливи извори има раст. Најголемиот раст е забележан кај производството на струја од хидроцентралите од 45,9 %, а исто така има зголемување на производство на електрична енергија од соларните електрични централи 3,6 % и од ветерните електрични централи за 5,5 %. Кај ветерните централи оваа година имаме рекордно производство, како што веќе имавме објавено.

    Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 92.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.6 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија според податоците од Државниот завод за статистика.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ