среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Општините бараат Владата да ја укине одлуката за забрана на локалните самоуправи, да формираат претпријатија или фирми за јавно осветлување

    Општините бараат Владата да ја укине одлуката за забрана на локалните самоуправи, да формираат претпријатија или фирми за јавно осветлување. Владата пред два дена донесе одлука со која на општините и на Градот Скопје им се забранува да основаат јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес – јавно осветлување.

    Ваквата одлука, велат од Владата, има за цел да се спречат злоупотреби и манипулации при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија.

    Општините кои имаат основано јавни претпријатија, друштва со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес-јавно осветлување, во рок од осум дена да спроведат активности за бришење на запишувањето на основањето на овие правни субјекти во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

    Одлуката е донесена врз основа на член 36 став (3) од Законот за Влада, а во врска со член 7 став (1) точка 3 од Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности“, велат од Владата за „Независен“.

    Сепак, Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром, во своето гостување во Радио Лидер изјави дека формирале ракво јавно претпријатие, а и за мерките што ги преземаат во енергетската криза.

    „Прва е мерка за штедење, односно, ограничување на уличното осветлување, секоја втора светилка е пуштена навечер на територија на Општина Аеродром и со тоа ја намаливме потрошувачката како апсолутен број. Исто така, со одлука на Советот формиравме јавно претпријатие кој што има обврска да го менаџира процесот на улично осветлување. Тоа јавно претпријатие согласно Законот за енергетика бидејќи има мал број вработени, има мал приход и како такво го префрлува уличното осветлување на таканаречениот регулиран пазар, каде согласно актуелните берзански цени навистина е пониска цена по киловат час“, рече Муцунски.

    Тој вели дека со овие јавни претпријатија не се прават никакви злоупотреби, како што тоа го изјави премиерот Димитар Ковачевски, и нагласува дека со нив се менаџираат средства од граѓаните и за граѓаните, односно се заштедуваат средства.

    Оваа одлука, како што кажа премиерот Димитар Ковачевски, е донесена поради тоа што сознанијата велат дека општините основале јавни претпријатија или дејности јавно осветлување или ја доделиле на постоечките јавни претпријатија.

    Од Општина Кисела Вода, велат дека ќе го почитуваат само Законот за енергетика кој за нив е јасен и според градоначалникот Ѓорѓиевски – нема потреба од други интервенции.

     

    Градот Скопје и повеќето општини се правни лица со приходи од повеќе од 2 милиони евра и со повеќе од 50 вработени и како такви се на слободниот пазар, па со префрлањето на дејноста на јавни претпријатија, јавното осветлување оди на регулираниот пазар, каде што струјата е поевтина, поради високите берзански цени во моментов.

    Општините бараат Владата да ја укине одлуката за забрана на локалните самоуправи, да формираат претпријатија или фирми за јавно осветлување. Реагираат дека одлуката е политичка, а крајната цел е да се спречи општините предводени од опозицијата да управуваат со јавното осветлување.

    Дел од општинските власти се на став дека не можат да ги покријат трошоците за струја доколку се принудени да обезбедат струја на слободен пазар. Според повеќето градоначалници, сметките за струја „го јадат“ буџетот за капитални инвестиции и инфраструктурни проекти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ