четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Опозицијата прогнозира ценовен шок на струјата во државата

    Мицкоски соопшти од Прилеп дека фокус на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе биде енергетиката и балансирано вложување во чиста енергија

     

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при посета на Прилеп, оцени дека лошо се менаџираат енергетските компании во змјава и тоа, според него, ќе предизвика ценовен шок, односно значително поскапување на струјата.

    „Лошото менаџирање со енергетските компании и со ресурсите, како што се јагленот и водата, ќе предизвика ценовен шок, односно зголемување на цената на електричната енергија. Струјата ќе поскапи, како за граѓаните, така и за оние кои добиваат сметки што универзалниот снабдувач или ЕВН  ги испорачува“, рече Мицкоски

    Тој од Прилеп, исто така, соопшти дека фокус на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде енергетиката и вложување во чиста енергија, но балансирано, за, како што рече, да не доаѓа до ценовни шокови.

    „Ќе вложуваме во избалансирана енергија, бидејќи сега нема никакви вложувања ниту во чистата ниту во друг тип на енергија“, посочи Мицкоски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ