четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Опозицијата поднесе пет амандмани на буџетот за справување со енергетската криза

    Од СДСМ, пак, тврдат дека има доволно средства за надминување на проблемите во енергетскиот сектор

     

    ВМРО-ДПМНЕ поднесе пет амандмани на предлог-буџетот за 2022 година за справување со проблемите во енергетскиот сектор. Пратеникот Бојан Стојановски, на денешниот прв ден од расправата за буџетот во Комисијата за финансирање и буџет, рече дека амандманите се поднесени за граѓаните полесно да ги поминат зимските месеци.

    Диме Велковски од СДСМ, пак, рече дека има средства и за решавање на енергетската криза.

    „За ова политичките партии најмалку треба да зборуваат, зашто од осамостојувањето на државата до денес немаат ништо направено, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ. Во 1988 година е изграден последниот енергетски објект – РЕК ‘Битола’. Се увезуваше струја и пред седум и пред осум и пред десет години и затоа некоректни се обвинувањата од опозициските колеги. Сите знаеме каква технологија имаме, тоа е кртитика за сите нас“, рече Велковски.

    Тој потсети дека 12 години не работи ТЕЦ „Неготино“, кое обезбедува третина од производството на РЕК „Битола“, но се прават напори повторно да профункционира.

    Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека земјава веќе плати пенали за струјата.

    „Плативме 20 милиони евра пенали. Дојде Јанез Копач, плативме пенали зашто не сме произвеле струја и не укоруваа како последни бандити дека сме краделе. Одговорност мора да има. Евро немате предвидено во буџетот за справување со ценовниот шок од поскапувањето на струјата“, рече Стојановски, апелирајќи СДСМ да ги прифати поднесените амандмани со кои се опфатени граѓаните, стопанските субјекти и социјалните групи.

    Велковски повтори дека има доволно средства.

    „Секогаш има резерва. Како што беа пренасочени 65 милиони евра за призводство на електрична енергија за кризата да биде помала, така има и во другите сегменти. Државата мора да предвиди и работи кои би можеле да се случат. Секогаш кога има вакви проблеми, државата мора да ги реши. Тоа го правела изминатите години и ќе го прави во иднина“, нагласи Велковски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ