среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Опозицијата обвинува: Државата набавува скапа струја зашто ЕСМ нема компас

    Според Кочовска од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Елем Трејд спровела јавна набавка во која просечната цена на струјата е околу 49,5 евра за MWh.Од друга, страна, цената по која електричната енегија се продава е 36,5 евра за 1MWh, така што само за една недела загубата кај државната компанија, како што вели Кочовска, е 156 000 евра

     

    Државата плаќа поскапа струја затоа што ги испразнија акумулациите и ги пресушија езерата. Сведоци сме дека во изминативе три години менаџерскиот тим на државната АД ЕСМ нема компас, ниту знае кај оди, па оттука водите се трошат без милост, акумулациите по неколку пати во годината се на минимум, а невладините организации никаде ги нема да се бунат за живиот свет, иако пред пет години беа многу гласни кога водата во акумулациите беше и на повисоко ниво од денешното, обвинува Гордана Димитриеска Кочоска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Поранешната дополнителна заменик-министерка за финансии посочува дека, пред нецели две години, државното  АД ЕСМ потпиша договор со АД ЕВН- хоме за  продажба на електрична енергија за 36,6 евра за MWh, што е пониска цена од производната (41-43 евра за 1MWh).

    Производната цена, вели таа,  е комбинација од цената на хидрата (која е многу ниска под 20 евра за MWh) и цената на термото која е над 45 евра. Но термото, вели, учествува многу повеќе во однос на хидрото.

    „Оваа Влада се труди да направи во континуитет поголемо учество на хидрото, а тоа зависи од годината, а последниве и не се така дождливи и снежни, за да ги намали трошоците, па оттука сите акумулации ни се празни. Ама, колку и да ја покриваш пониската продажна цена, неспособноста ќе излезе на виделина. Во  август се фалеа дека имаме вишоци на електрична енергија и продаваа со фалби за 43 евра. Ама во ноември АД ЕСМ не е во состојба да испорача дури ни тоа што го има по договор за АД ЕВН хоме. Оттука фирмата ќерка на АД ЕСМ, односно Елем Трејд спровела јавна набавка во која просечната цена на струјата е околу 49,5 евра за MWh.

    Од друга, страна цената по која електричната енегија се продава е 36,5 евра за 1MWh или тоа се некаде 13 евра за 1MWh. Или само за една недела загубата кај државната компанија, како што вели Кочовска, е 156 000 евра.

    „Тоа се пет супермодерни амбулантни возила или 300 лаптопи за ученици. Државата од оваа зделка, покрај тоа што има загуба, изгуби многу многу повеќе. Во летниот период трошеа јаглен кој го има во ограничени количини за да произведат и продадат по ниски цени (летните продажни цени се пониски од зимските), а јагленот го нема, што во превод значи дека е многу “скап” или, јас би рекла, нема цена. Водата ја потрошија иако ја знаеја хидролошката состојба, па сега имаме празни акумулации и недостиг на струја. Згора на се немаме ниски температури, а тек да се повтори зимата 2017 со премногу ниски температури па да неможат и јаглен да копаат. Останува само нејасно дали приватните трговци и во двата случаи одлично се офајдија и колку поединци од власта ќарија„, нагласува Кочовска.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ