четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Околу 7.000 домаќинства ќе добијат „субвенции“ за сметките за струја

    Бектеши вели дека во рамки на Министерството за финансии се формирани пет комисии кои активно ќе работат до крајот на февруари и ќе биде изготвена финалната листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка од оваа мерка

     

    Повикувајќи се на информациите што Владата ги добива од ЕСМ, министерот за економија рече дека многу малку се увезува електрична енергија и демантираше  дека државата увезува струја од Србија

     

     

    Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со финансиска поддршка можат да се стекнат околу 7.000 домаќинства, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    Тој рече дека очекува денеска и утре до Министерството за економија да пристигнат уште околу 200 барања испратени преку пошта.

    „Во рамки на Министерството, формирани се пет комисии, кои активно ќе работат до крајот на февруари и ќе биде изготвена финалната листа на баратели кои ќе се стекнат со финансиска поддршка од оваа мерка“, рече Бектеши.

    Тој истакна дека финансиска поддршка ќе добијат лица со најниски примања во домаќинство во 2021 година.

    „Дополнително, на ова би сакал уште еднаш да го кажам тоа што како Влада и како Министерство за економија, заедно со МТСП, го изготвивме кон крајот на претходната година, со цел да важи за целата 2022 година. Согласно новиот буџет, над 36 илјади домаќинства во Северна Македонија ќе добијат по илјада денари за да ги покриваат сметките за енергенси и тоа се дополнува со шест месеци откако почна пандемијата. Оваа мерка ја добиваат сите приматели на гарантирана државна помош и дополнително на 9.500 пензионери со ниски приходи и ако се додадат уште седум илјади домаќинства со ниски приходи, значи над 55 илјади домаќинства во нашата држава во текот на 2022 година ќе добијат директна помош за покривање на дел од фактурите за електрична енергија или за енергенси во нашата држава“, рече Бектеши.

    За можноста да се одложи плаќањето на сметките за струја, тој рече дека тие договори се билатерални кои ги прават потрошувачите со ЕВН или пак со други трговци со електрична енергија.

    Бектеши посочи дека Владата „вбризга“ шест милиони евра во ЕСМ за да управува со дистрибутивната мрежа, со снабдувањето и производство на топлинска енергија и дека нема дополнително барање од компанијата.

    Министерот, повикувајќи се на информациите кои Владата ги добива од ЕСМ, рече дека многу малку се увезува електрична енергија и ги демантираше изјавите дека државата увезува струја од Србија.

    „Ние сме поврзани со Хупекс берзата и никогаш не сме увезувале од Србија, а да не зборувам за цени од 450 евра и слично. Треба да направиме споредба дека токму Србија има два до три пати поголеми производствени капацитети од нашата држава, а цената за домаќинствата и за малите потрошувачи речиси е истата. И ако земеме предвид колку сме увезле ние во текот на кризната состојба и колку произвеле другите држави, таму ќе видиме дека нашата држава повеќе произведува од домашните капацитети. Не само од капацитетите што се во сопственост на ЕСМ, туку и преку одлука на Министерството за економија сме ги ставиле во функција и капацитетите на приватните компании како што е ТЕ-ТО, се со цел да работи со пониски цени од берзанските цени. Ако берзанските цени се 240 евра ТЕ-ТО продава електрична енергија за потребите на ЕСМ со минус 15 евра“, вели Бектеши.

    Тој информира дека цената на ТЕ-ТО за јануари била 170 евра, а за февруари ќе биде 190 евра.

    „Лесно може да се направи калкулација дека ние моментално штедиме над 50 евра по мегават откога сме ги ставиле приватните капацитети во наша функција“, вели Бектеши.

    Министерот за економија извести дека веќе се одобрени уште дополнителни 50 милиони евра од Владата за ЕСМ да може да произведува поголеми количини на електрична енергија.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ