петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Од вчера прехрамбените компании без субвенционирана струја

    Дел од прехрамбените компании, почнувајќи од вчера, повеќе не можат да користат субвенционирана струја, која владата им дозволи да ја користат од 1 декември за да ги намалат трошоците за производство, но за возврат да ги поевтинат прехранбените производи. Но, бидејќи не го направија тоа до 1 арпил, државата одлучи да ги раскине договорите за евтина струја со нив, и паралелно донесе одлуки за замрзнување на цените. Информацијата за Телма ја потврди и ЕСМ.

    Во моментот таа како поволност останува само за јавните претпријатија и за училиштата. За нив ќе важи до крај на април додека трае кризната состојба.

    Оваа субвенционирана струја од минатата година околу 400 прехрамбени компании ја добиваа од ЕСМ Продажба по цена од 80 евра по мегават час, наместо да ја плаќаат по многу повисока цена на отворен пазар. Според грубите проценки за три месеци за оваа мерка државата потроши околу 1,5 милиони евра пари од буџетот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ