петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Од септември, на регулираниот пазар, повисоки сметки за електрична енергија.

    На слободниот пазар, цената е намалена за околу 9%

    Септемвриските сметки на потрошувачите кои се снабдуваат на регулираниот пазар ќе бидат повисоки за 7,42 %, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега.

    Како што тврдат од Регулаторната Комисија за Енергетика, поскапување на струјата побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот Ковид-19. ЕСМ има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО заради намалување на приходите за пренос од 11 милиони евра од транзит на електрична енергија за странство.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ