четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Од полноќ бензините поскапуваат за два, а дизелот за половина денар

    Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 2 денари по литар, во однос на цените утврдени минатата недела и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 62,50 ден/лит.

    Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па така ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 49,50 ден/лит, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 49,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,762 ден/кг и ќе изнесува 25,311 ден/кг.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ