четврток, јуни 17, 2021
spot_img
Повеќе

    Од полноќ бензините поевтинуваат, а дизелот поскапува

    Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.

    Така од полноќ, новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 59 денари за литар, а на Еуросупер БС – 98 ќе биде 61 денар.

    Повисоки ќе бидат цените на еуродизел БС (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство кои ќе се продаваат по 50 денари за литар.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг и ќе изнесува 25,968 ден/кг.

    Latest Posts

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја