четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Од петок поскапа струја за 7,4% за домаќинствата

    Цената на струјата од први јули ќе поскапи во просек за 7,4 проценти, соопшти претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски на денешната прес-конференција. Како што кажа Бислимоски, ова зголемување од 7,4 проценти ќе биде за 98,8 проценти од домаќинствата во земјава.

    „Секое домаќинство ќе плаќа различна цена според блоковите. За 59,9 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од 6,6 проценти, за 35,5 проценти од домаќинствата зголемувањето од 6,7-8,8 проценти, за 3,4 проценти поскапувањето ќе биде од 8,8-11,2 проценти, за 1,2 проценти зголемување од 11,4 проценти, а за оние кои се екстремни потрошувачи поскапувањето ќе биде 99 проценти“, рече Бислимоски.

    „Пресметките на Регулаторната комисија за енергетика се дека доколку не беше воведен новиот систем на блок тарифи, струјата ќе поскапеше за 17,74% проценти“, вели првиот човек на регулаторното тело, Марко Бислимоски.

    Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемен трошок за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%.

    Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.

    Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Бислимоски.

    Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но од РКЕ велат дека не ги прифатиле сите нивни барања и одобриле многу помали проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ