Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Џедовиќ за РТС потврди дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од десет отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Електропривреда Србије, за просечна потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата сметката ќе биде зголемена за околу 300 динари (околу 2,5 евра).
Како што соопшти РТС, последното поскапување на струјата од 6,5 отсто било на 1 септември.
Гасот во Србија од следната година ќе поскапи за 11 отсто, а последното поскапување на гасот беше девет отсто во август. „Гасот во Србија во моментов е меѓу најевтините за индустријата и трет најприфатлив во Европа за домаќинствата“, напиша министерката Ѓедовиќ на својот Инстаграм профил. Таа нагласи дека државата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, со што цената на струјата во Србија ќе биде меѓу најниските во Европа.