вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Од ЕК велат дека нема ризик по енергетската безбедност откако Русија ги намали испораките на гас

    Според портпаролот на Кремљ, последните намалувања на испораката на гас за Европа не се смислени, туку се последица на проблемите со одржување на турбините, предизвикани од санкциите

     

    Енергетската безбедност на Европа не е во директен ризик поради тоа што Русија денеска ги намали испораките на гас за голем број европски земји, изјави портпарол на Европската Комисија.

    „Врз основа на нашата размена утринава со националните претставници преку Координативната група за гас, нема индикации дека во моментов постои ризик за безбедноста на снабдувањето“, изјавил портпаролот, чија изјава ја пренесуваат дел медиуми не спомнувајќи го неговото име.

    Тој додва дека Брисел и националните власти на земјите од ЕУ внимателно ја следат ситуацијата.

    Газпром соопшти дека дополнително ќе ја намали дневната испорака на гас преку гасоводот Северен тек 1, а германскиот министер за економија Роберт Хабек оцени дека Газпром бара изговор за ширење на неизвесноста и покачување на цените.

    Компанијата соопшти дека овој потег бил неопходен за сервисирање на Сименс пумпните единици за гас во компресорската станица Портоваја.
    Германскиот министер за економија  го нарече тој потег „политичка одлука, а не технички оправдано решение“.

    Тој рече дека Германија е свесна за потребите за сервисирање на гасоводот, но првите поважни работи не би требало да се изведуваат до есен. Оцени дека Газпром со тоа се обидува да го оправда растот на цените.

    Според портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, последните намалувања на испораката на руски гас за Европа не се смислени, туку се последица на проблемите со одржување на турбините, предизвикани од санкциите кон Москва.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ