петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Обновливите извори за прв пат генерираат повеќе енергија отколку фосилните горива во Европа

    Повеќе од една петтина од енергијата на Европа беше генерирана од соларни панели и турбини на ветер во првата половина на 2020 година.

    Производството на соларна и ветерна енергија беше поголемо во некои европски земји. Данска е на врвот, генерирајќи 64 проценти од својата енергија од овие обновливи извори, тесно следена од Ирска (49 проценти) и Германија (42 проценти), според извештајот на независниот тинк-тенк центар „Ембер“.

    Во полугодишниот преглед, производството од сите обновливи извори на енергија – вклучувајќи ветер, соларна, хидроелектрична енергија и биоенергија – го надминало производството на енергија од фосилни горива за прв пат досега. Овие извори произвеле 40% од енергијата во ЕУ од јануари до јуни, додека фосилните горива се застапени со 34%.

    Пад на производството на енергијата од јаглен

    Минатата година употребата на јаглен за производство на електрична енергија низ целиот свет падна за рекордни 3 %. Делумно поради КОВИД-19, производството на јаглен во првата половина на 2020 година повторно ги сруши рекордите со пад од 8,3 %. Во ЕУ, падот беше поголем, бидејќи производството на енергија од јаглен падна за скоро третина.

    И покрај тоа, јагленот сепак произведе третина од светската електрична енергија во првите шест месеци од годинава и експертите предупредуваат дека се потребни подраматични намалувања на употребата на фосилни горива за да се ограничат климатските промени.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ