сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Нуредини: Работиме на обезбедување праведна енергетска транзиција

    Макединскиот министер за животна средина, на конференција во Виена, го презентираше планираното поврзување на националната климатска заложба со зелени мерки за опоравување од ковид 19 кризата

     

    Имплементацијата на зелената агенда на Западен Балкан во Северна Македонија е јасна цел за нашата земја, рече министерот за животна средина Насер Нуредини на конференцијата „Зелен економски круг” во Виена.

    Тој, исто така, го презентираше планираното поврзување на националната климатска заложба со зелени мерки за опоравување од ковид 19 кризата.

    „Креираме и реализираме применливи зелени политики, за да ја оствариме ‘зелената агенда’ на Балканот, како нов пристап за одржлив економски развој и обновување на природните еко-системи. Ја демистифицираме зелената економија со доближување до потрошувачот, стимулирање на приватните инвестиции, со конкретни предложени мерки, како енергетска ефикасност, соларна енергија, еко системски услуги и е-мобилност. Работиме на обезбедување праведна енергетска транзиција на економијата со креирање зелени работни места, системски планирана финансиска поддршка на екомските оператори и на индивидуалните домаќинства“, рече министерот за животна средина и просторно планирање.

    Нуредини настапи како главен говорник на конференцијата на која беа презентирани одржливи, иновативни и зелени политики, бизнис идеи, продукти и компании.

    Пред претставниците на владите, деловните субјекти и финансиските институции, министерот ја претстави нашата  законска регулатива, за која рече дека е усогласена со потребите на сите засегнати страни и дека ќе биде веднаш применлива, ќе отвара нови можности за развој и одржливо користење на природните ресурси.

    На маргините на конференцијата, Нуредини оствари и средба со австрискиот федерален министер за дигитализација и економски прашања Маргарет Шрамбок, на која разговараа за можностите за продлабочување на економската соработка во остварувањето на зелената агенда со Австрија, како еден од главните инвестициски партнери на  Северна Македонија.

    Конференцијата „Зелен економски круг“ има за цел да презентира и промовира одржливи, иновативни и зелени деловни решенија, производи и компании, но и активности на креаторите на политиките и на граѓанските активисти со цел да ги поврзе и да ги охрабри за соработка во градењето на позелена економија во надминувањето на сегашната криза

    НАЈНОВИ ВЕСТИ