недела, септември 8, 2024
spot_img
Повеќе

    Нема веќе субвенции за струја

    На последните фактури кои ги добија граѓаните нема повеќе увид во тоа колкав е процентот на владината помош, пари кои со одлука на Владата од државниот буџет се префрлаа директно на ЕСМ, со цел како што тврдеа надлежните да се субвенционираат сметките за домаќинствата. Процентот првично, во екот на енергетската криза беше над 90 %, а потоа падна и до 82,4 %.

    „Реално би било некоректно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 евра, а има денови кога цените на пазарот се 20-30 евра. Едноставно случувањата на пазарот се такви да во најголем дел во изминатите два до три месеци цената е 60 до 70 евра“ вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна Комисија за Енергетика.

    Во меѓувреме се крои и новата цена на струјата. Неделава се очекува ЕВН Хоум да го распише тендерот, по што ќе се знае каква цена ќе плаќаат граѓаните од 1 јули. Дополнително регулаторна прави и анализи дали зимава наместо два граѓаните ќе добијат три часа евтина тарифа на струја во текот на денот.

    Но, се уште домашната струја е поскапа од онаа на берзите. Поради тоа доста мали фирми од регулиран пребегаа на отворен пазар и од таму се снабдуваат.

    Две третини од населението во земјава е во енергетска сиромаштија, покажале анализите. Граѓаните се повеќе бараат начини како сами да ја намалат сметката за струја.

    „Примателите на гарантиран минимален приход добиваат субвенција за струја само во зимските месеци, меѓутоа во летните месеци веројатно останува да се ладат во ЈСП автобусите во скопје или во моловите. Тоа се единствените климатизирани места каде што можат бесплатно да се оладат “ вели Билјана Дуковска, од Платформа за сиромаштија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ