четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Нафтениот гигант „Шел“ најавува отпуштање на речиси 9.000 работници

    Мултинационалната нафтена компанија Ројал Дач Шел (Royal Dutch Shell) соопшти денеска дека планира да скрати од 7.000 до 9000 работни места како дел од големото преструктуирање за да ги намали трошоците поради падот на побарувачката и цените на нафтата.

    „Ројал Дач Шел“  потенцираше дека оваа бројка вклучува околу илјада и пол луѓе кои прифатиле доброволно да ја напуштат компанијата.

    Како и неговиот ривал БП, кој исто така најави укинување на 10.000 работни места, и Шел се соочува не само со последиците од пандемијата на корона вирусот, туку и со предизвикот за енергетска транзиција.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ