четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    На полноќ завршува јавниот повик на Град Скопје за субвенции за инвертери

    Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата завршува вечер на полноќ, информира денеска Град Скопје.

    Градските власти соопштија дека наредните денови ќе ги обработуваат пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде на време информирана.

    Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 4.060 пријави.

    Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2020 година, до завршување на повикот на 30 ноември годинава или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.

    Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

    Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020 

    НАЈНОВИ ВЕСТИ