сабота, јули 31, 2021
spot_img
Повеќе

    Мицкоски за повисоката цена на горивата: Тоа е резултат на лошите политики на Владата

    Наместо поддршка на граѓаните и стопанството, ние имаме дополнително отежнување и дополнителен арач, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на премиерот дека се воведува еколошка такса, покрај намаленото ДДВ за струјата

     

    Наместо да има олеснување за граѓаните и стопанството, Владата прави дополнителни отежнувања, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи за за новите цени на горивата.

    „Ние тоа го зборувавме, јас лично зборував дека се подготвува зголемување на цената на дериватите за 3,5 денари или т.н зелен данок. Уште данок на крв да ни воведат и ќе бидат комплетни да не вратат неколку десетлетија наназад. Шегата на страна, народот навистина тешко живее, а она што е уште пострашно за мене е што напротив наместо да имаме олеснување за граѓаните и поддршка на граѓаните и стопанството, ние имаме дополнително отежнување и дополнителен арач што го вметнува оваа Влада, за да ги покрие своите непродуктивни трошења“, оцени Мицкоски.

    Според него, Владата не знае како да собере повеќе пари во буџетот,  за што, како што вели, треба развиена економија каква што не е нашата.

    „Тогаш единственото нешто што им останува е удри по народот и удри по бизнисот, а тоа што ќе го собереме ќе го трошиме за нашите луксузирања и би рекол непродуктивни трошења. Така што, тоа што го најавивме тоа и се случува, покачена цена на електрична енергија, покачена цена на акциза, поради лошите и погрешни и криминални политики на оваа Влада“, вели Мицкоски.

    Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека ќе има еколошка такса за нафтата од 3,5 денари и намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Одлуките, како што изјави, допрва следуваат и се дел од програмата на Владата за екологија.

    Со еколошката такса планирано е во Буџетот да се слеат една милијарда 685 милиони денари за едно полугодие или три милијарди и 300 илјади денари за цела 2020 година. Средствата ќе бидат лоцирани во фондовите за инвестиции на обновливите извори на енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја