петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Мицкоски вели дека има решение за енергетската криза, ги става сите контакти на располагање

    Имаме индикативни цени, индикативни понуди и ќе и понудиме на власта сите наши контакти за набавка на поевтини ресурси за спас на државата од енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по состанокот во Сојузот на стопански комори. Тој предложи конкретен план преку кој ќе се обезбедат доволни количества на евтин гас, мазут, како и топлинска енергија потребна за ТЕ-ТО, а еден од неговите предлози е комуналните претпријатија, училиштата и болниците да се вратат на регулираниот пазар и да плаќаат поевтина струја.

    Тој нагласи дека денеска цената на електричната енергија на HUPX е над 400 евра за мегават час, а доколку се вклучат и кросбордерите ќе биде повеќе од 450 евра заедно со банкарските трошоци.

    Сите контакти кои што ги имаме на располагање, кои што се последица на нашиот животен пат, посочи, успеваме да ги исконтактираме изминатиот период и ги ставаме на располагање на бизнисот, а се со цел да помогнеме да најмалку 650.000 наши сограѓани кои што работат во приватниот сектор ги задржат своите работни места имајќи в предвид дека големи производствени капацитети своето производство го ставија во мирување и голем број наши сограѓани ги изгубија своите работни места.

    Најави дека до крајот на неделава или на почетокот на наредната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи енергија закон за измена на Законот за енергетика, со кој ќе побара сите претпријатија кои што вршат јавна дејност во делот на комуналните услуги, водостопанството но исто така и објектите во образованието, објектите во јавното здравство да бидат вратени на регулиран пазар.

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, според Мицкоски, во Собранието ќе поддржат продолжување на кризната состојба со електричната и топлинската енергија.

    -Мислам дека сега треба првпат во овие триесет и неколку години независност опозицијата да понуди решенија и да го остави можеби краткотрајно својот политичкиот интерес туку да го гледа државниот и националниот интерес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, рече дека ги слушнале предлозите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за ублажување на енергетската криза и како што рече за нив е прифатлива секоја понуда за добивање на поевтина цена на струјата од онаа која компаниите ја плаќаат на берзите.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ