сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Според Мицкоски, Владата нема план за енергетска стабилност

    Наместо да направат план за ископ на јаглен, тие увезуваат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на предизборен собир во Прилеп

     

    Власта нема план за енергетска стабилност. Наместо да направат план за ископ на јаглен, тие увезуваат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ,при денешната посета на Прилеп, во рамки на кампањата за локалните избори.

    Според Мицкоски, инфлација веќе има, со оглед на цените на прехранбените продукти, поскапувањата на бензините и можната корекција на цената на електричната енергија за граѓаните.

    „Стопанството веќе го чувствува тоа. Сите компании на слободниот пазар веќе имаат сериозен проблем со обезбедување финансиски средства за набавка на електричната енергија, бидејќи цената е алармантна и е за четири до пет пати поголема од пред два месеци, за што и предупредував“, изјави Мицкоски.

    Според него, владата прави егзибиции. ЕЛЕМ која даваше К -15 пред избори сега нема пари за ископ на јаглен, вели Мицкоски, а владата увезува јаглен од Косово, штое одраз на недомаќинско работење во компанијата.

     „Наместо веднаш да се обезбеди гас за сите производни капацитети,  наместо веднаш да се направи сериозен план за ископ на јагленво РЕК „Битола“, наместо да се увезува, наместо да се планира термоелектраната во Неготино да се стави во погон, тие прават некои егзибиции. Од 400 до 500 товарни возила треба секој ден да возат јаглен од Косово“,  Оцени  Мицкоски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ