петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    МЕПСО отпишало 14 милиони евра побарувања од трговците со струја

    Државниот завод за ревизија денеска објави извештај за финансиското работење и усогласеноста за 2021 година на АД МЕПСО. Меѓу клучните наоди е дека државната фирма им простила 14 од вкупно 15 милиони евра долг на трговци со електрична енергија кои западнаа во проблеми кога почна енергетската криза. Останатите, милион евра, биле наплатени.

    Во извештајот, меѓу другите забелешки се наведува и дека дел од овие побарувања се отпишани иако стасуваат за наплата и по донесување на одлуката од страна на УО на компанијата во државна сопственоста.

    Уште на почетокот на енергетската криза МЕПСО за потребите на трговците со струја количините ги влечела од европската мрежа. За тие количини на четири фирми трговци доставила фактури со вкупен износ од 15 милиони евра. Но Управниот одбор на компанијата донел одлука долгот да се отпише. Го книжеле како сопствен трошок кој потоа го прикажале во Регулаторната комисија за енергетика со што овие пари имаат влијание при утврдување на крајната цена која ја плаќаат домаќинствата.

    Минатата година од овие 15 милиони евра успеала да наплати само 1.2 милиони евра.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ