петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    МЕПСО доби фактура на 700.000 евра за влечење на струја од европската мрежа во февруари

    Околу 700.000 евра чини влечењето на струјата од европската мрежа кое беше напрaвено во минатиот месец. Фактурата стигна во МЕПСО. Од преносниот систем за Телма соопштуваат дека долгот кој треба да се плати е помал од оној за јанаури, но и во споредба со иситот период од минатата година.

    „Напоменуваме дека овие средства, преку функционирањето на балансниот механизам, АД МЕПСО ќе ги наплати од балансно одговорните страни кои ги направиле отстапувањата во ЕЕС“, велат од МЕПСО.

    Минатиот месец, со првите пониски минусни температури, земјава повторно се сврте кон струјата од европската мрежа. Во услови кога сите енергетски капацитети беа на мрежа, беа повлечени 1.700 мегавати. Речиси половина, или 820 мегавати, беа за потребите на ЕСМ, останатите за друтите снабдувачи кои се на отворен пазар.

    Сепак МЕПСО сè уште не може да ги наплати долговите од трговците со струја за кои се влечеа количини од европската мрежа минатата година. Трите фирми, „Мист Енерџи“, „Енергија гас“ и „Повер и У Повер“ направија милионски долгови кои со месеци не можат да се вратат во касата на преносниот систем.

    Најголем долг има „У Повер“, компанија на синот на поранешниот вицепремеир, Муса Џафери. За овие фирми покренати се и судски постапки. Но, според информации на Телма, со месеци не може да се извлечат средства од нив, затоа што приливи нема. Со ова се отвора прашањето дали МЕПСО воопшто ќе може да го наплати милионскиот долг од овие компании за повлечената струја.

    Сите три фирми добија и забрана за тргување со струја, но некои најдоа начин и повторно се вратија во игра. Тоа се случи со „Мист Енерџи“. Формираше нова компанија со име „Мист Енерџи Еко ДООЕЛ“ и повторно се врати на пазарот.

    Инаку, трговците со струја за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисока цена, ја користеа балансираната од МЕПСО, која, пак, ја влечеше од европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност да се плаќаат пенали.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ