вторник, октомври 4, 2022
spot_img
Повеќе

    Мала корекција на цените на горивата – поевтинија бензините, поскапе дизелот

    Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат референтните цени на дериватите на светскиот пазар

     

    Бензините поевтинуваат за половина денар од ноќеска на полноќ , а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар. Со денешната одлука на Регулаторната ком сија за енергетика и водни услуги (РКЕ) се намалуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,805 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,354 денари.

    Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат референтните цени на дериватите на светскиот пазар кои кај бензините се намалени во просек за 1,048 отсто, а кај дизелот зголемени за 0,668 отсто, како и за 0,059 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја