петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    „Макпетрол“: намалени цените на природниот гас и на метанот за мај

    Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец мај ќе се намали за 0,85% за мегават час, во однос на цената за месец април ова година.

    Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 2,9% односно, за 2 денари за килограм (1,42 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 69 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 67 денари за килограм или 47.44 денари за литар.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ