четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Макпетрол: Изненадени сме од недоличното однесување на Атанаско Тунески, тоа е доволно да биде разрешен

    Макпетрол АД е изненаден од нападите изнесени од членот на РКЕ, Атанаско Тунески кој во изјава за емисијата „КОД“ на ТВ Телма, со недолични зборови искажа закани кон компанијата. Ова недолично однесување на висок функционер е недозволиво, реагираат од Макпетрол.

    „Овие негови неконтролирани изјави и постапки покажуваат зошто Тунески не смее да биде член на РКЕ. Од неговата изјава очигледно е дека тој има нешто против конкретна енергетска компанија. И не е дозволиво член на регулаторно тело така да издвојува и да напаѓа компании. Самото тоа е доволно да биде итно разрешен.

    Овој настан фрла сенка врз дигнитетот на РКЕ и не доведува нас компаниите во недоумица дали треба да се плашиме да пријавиме конфликт на интереси? Минатата недела членот на РКЕ, Атанаско Тунески даде изјава со која потврдува дека е против либерализација на пазарот на нафтени деривати и неосновано ја оцрнуваше работата на Макпетрол АД, а неговото непознавање на проблематиката е навистина загрижувачко.

    Либерализацијата на пазарот е всушност најдобар начин да се заштитат интересите на потрошувачите, бидејќи конкуренцијата ќе донесе и подобар квалитет и поголема економичност.

    Како компанија очекувавме реакција на сите релевантни државни институции, но во нејзино отсуство јавно прашуваме: Што ќе преземат институциите во однос на ова дискриминаторно и непрофесионално однесување со кое директно се нарушува угледот на Макпетрол АД од страна на јавен функционер?

     

    Ваков однос на државен функционери е недозволиво и ја руши довербата во институциите кои треба да работат во функција на граѓаните, но во исто време не смее да наштетуваат на бизнис секторот поради лични интереси. Очекуваме брза реакција на надлежните институции“, се вели во соопштението на „Макпетрол“.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ