петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Криза за бензин или воено профитерство, како се создадоа колони пред бензинските пумпи?

    Премиерот Димитар Ковачевски, како и претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, велат дека нафта има доволно и дека таа во најголем дел се набавува од Грција; Бислимовски најави пријава до Обвинителството, а Ковачевски вели дека пазарната инспекција и УЈП се излезени на терен за да ја увидат фактичката состојба

     

    Нема криза со грива во земјава, убедуваат надлежните откако вчера, во повеќе градови во земјава се создадоа долги колони возила пред бензинските пумп, по информации објавени на социјалните мрежи дека претстои голем скок на цените на горивата и ограничувања за количините што може да се купат.

    Премиерот Димитар Ковачевски, како и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски велат дека во случајов станува збор за воено профитерство, нагласувајќи дека нафта има доволно и дека таа во најголем дел се набавува од Грција.

    Во Северна Македонија нема никаква криза со горива, со бензин, дизел и со други горива затоа што ние имаме непречено снабдување со нафтени деривати кое доминантно се одвива преку Грција“, истакна Ковачевски во емисијата „Утрински брифинг.

    „Во однос на она што се случуваше вчера сакам да упатам апел до граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации, да не подлегнуваат на паника со оглед на тоа дека во државата има доволно количини на нафта и нафтени деривати. Упатувам апел до трговците со нафтени деривати да не ги ограничуваат количините кои ги продаваат на бензинските пумпи. Дел од нив тоа го имаат направено вчера за да ги сочуваат своите количини кои ги имаат набавено од шпекулативни причини. Тоа е класично воено профитерство“, нагласи Ковачевски.

    Премиерот потенцираше дека Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи се излезени на терен за да ја увидат фактичката состојба и да ги заштитат интересите на граѓаните.

    Бислимоски рече дека малите пумпи немаат право да вршат ограничување на набавката на бензин и најави пријава до Обвинителството.

    „Во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната недела. Нафтени деривати има, редовно е снабдувањето и резерви има. Снабдувањето е без никакви проблеми и немало прекин на испорака на бензин. Она што загрижува е што на некои пумпи вчера се продавале бензин за само 500 денари со намера да заштедат резерви и да го продадат поскапо. Тоа се воени профитери кои сакаат да заработат нешто ситно на нечиј грб. Ние денес ќе доставиме извстување до Обвинителството за таквите појави“,рече Бислимоски за Утрински брифинг

     Тој вели дека има доволни количи нафтени резерви.

    „Нафтата во С Македонија во најголем дел доаѓа од Грција. Но, Фејсбук -стратезите вчера кренаа паника,  вели Бислимоски.

    Тој посочува дека цените и на електричната енергија и на природниот гас дивеат и цела Европа е во паника, па не очекува во следните недели да има некое намалување. Но, според Бислимоски, ќе има стабилизирање со постигнување на договор со ОПЕК.

    Од „Макпетрол“ соопштија денеска дека, во овие особено тешки и комплексни услови поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компанијата ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел граѓаните и компаниите да функционираат без проблеми.

    Сепак, набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските регулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината, информираат од „Макпетрол“.

    Нагласуваат дека поради новонастанатата ситуација, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што, како што велат, подразбира и работа со загуба

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ