петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски: Владата ќе го плати долгот за струја на институциите што му должат на ЕВН

    Премиерот Димитар Ковачевски информираше дека ќе се плати долгот за електрична енергија кон ЕВН на одредени државни и јавни институции како Клиничкиот центар, судовите, затворите.

    -Долгот ќе се плати. Тоа се буџетски организации кои што заради зголемената цена на струјата, која е десет пати зголемена. Владата направи прераспределба на финансиски средства и доставени до Собранието со цел да се овозможи непречено функционирање на овие институции, рече кратко премиерот како одговор на новинарско прашање.

    ЕВН им даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ