среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски означи крај на грејната сезона

    Со врачување на благодарници и признанија на вработените на РЕК „Битола“ и сите подружници, кои работаат во рамките на ЕСМ, денеска во најголемиот електроенергетски комбинат во државата премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеси, генералниот директор на ЕСМ, Васко Стафанов, вработените со директорите, раководителите на енергетските капацитети и со сите членови на економско енергетски совет го означи крајот на грејната сезона за оваа година.

    Премиерот Ковачевски истакна дека во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.

    „Паралелно, го презедовме греењето со топлинска енергија во главниот град. Ова беа првите стратешки оперативни чекори кои се направија од Планот за справување со енергетската криза. Сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична и топлинска енергија беше фокусот во Планот што го изработи и спроведе Економско-енергетскиот тим. Сега кога завршува грејната сезона, можам само да бидам горд на резултатите кои ги постигнавме и на заедничкиот успех: Кризата ја претворивме во можност. Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Да сублимирам: Во текот на целата грејна сезона струја и парно имаше, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот”, рече Ковачевски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ