недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски: Можно намалување на цената на струјата за малите потрошувачи

    Цената којашто е понудена овозможува да нема ценовен шок за граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    Тој додаде дека финалната цена, којашто се состои од три ценовни параметри кои на крај Регулаторна комисија за енергетика ги определува, овозможува да нема ценовен шок за граѓаните и дека според првичните калкулации што се прават врз основа на параметрите, „овозможува дури намалување на цената на електричната енергија за малите потрошувачи“.

    „Односно компаниите коишто вработуваат 98 проценти од вработените во државата“, изјави Ковачевски.

    Инаку, како што беше објавено на 16 декември, државниот производител на струја АД ЕСМ на повикот на ЕВН Хоум за набавка на струја за првата половина од наредната година понуди цена од 56 евра за мегаватчас, наместо досегашните 48 евра, што е поскапување од 16,6 проценти.

    Во исто време, ЕСМ поднесе понуда од 110 евра за мегаватчас за струјата за покривање на техничките загуби во системот на Електродистрибуција, наместо досегашните 143 евра за мегаватчас, што е поевтинување за 23 проценти.

    За да нема ценовен шок како и досега, рече Ковачевски, државата има определено финансиски средства во буџетот за 2022 и за 2023 година.

    „Имаме ставено ставка во буџетот од 250 милиони евра за справување со економско енергетската криза“, рече денеска Ковачевски кој присуствуваше на поставување камен-темелник на далекувод во Овчеполието.

    Тој додаде дека на крај кога ќе бидат финалните калкулации за производството на електрична енергија, движењето на цените на суровините коешто се прави на месечно ниво, тогаш ќе може да се каже и колку ќе биде финалната субвенција на државата која што ќе ја даде на ЕСМ со цел да овозможи пониска цена на електрична енергија за граѓаните.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ