Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Белград изјави дека сме многу поблиску до решение од она што бевме на почетокот во преговорите со Србија да се искористат нејзините вишоци на природен гас за нашата гасна централа за производство на електрична енергија.
„Блиску сме до договор со Димитар, ние имаме некои можности во овој момент и со нашиот братски народ во Северна Македонија, секогаш се ќе поделиме. За нас, тоа е во ред. А за Северна Македонија мислам дека тоа е добро и сметам дека тоа е добра вест за луѓето во Северна Македонија. Но и за поширокиот регион да направиме договор околу нивната гасна електрана. Ќе продолжиме да работиме. Работите не се лесни. Ги предвидовме и повисоките цени и подготвени сме. Луѓето не треба да се грижат“, рече претседателот на Србија, Вучиќ.