среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Ковачевски: 40% зголемено домашно производство на струја

    Премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека за поздравување се најавите на Регулаторната комисија за енергетика дека се прават анализи за воведување на евтина дневна тарифа на струјата и потенцираше дека ваквите можности се отвораат со зголеменото производство на струја.
    „Од први јануари годинава до осми февруари ЕСМ има произведено над 720 илјади мегават часови електрична енергија, што е за 40  % повеќе од лани истиот период. Според официјалните извештаи од месец јануари, за првпат во после 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во државата, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети, додека само 13% се обезбедени од увоз. Просекот порано беше 30 до 35% електрична енергија да биде од увоз, сега е само 13%.
    АД ЕСМ ги има вклучено сите државни капацитети за производство на енергија, како што се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, како и двете гасни електрани во Скопје.
    Цената за граѓаните е стабилна, покачување нема, додека евтина цена на струја имаат училишта, прехранбениот сектор и главните институции кои што даваат здравствени услуги на граѓаните.
    Со навремени интервенции и мерки, како Влада покажавме дека можеме да се носиме со енергетската криза, без при тоа да имаме ценовни шокови кај основните прехранбени производи и струјата. Во 2022 година пак беа произведени 27 отсто повеќе струја отколку во 2021 година, а оваа години растот е проектиран на дополнителни 20% што се потврди како изводлив во месец јануари оваа година“, рече Ковачевски.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ