петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Корисниците на парно треба да склучат нови договори со ЕСМ

    Граѓаните кои го користеа парното на Бег Енерџи Груп, а од оваа грејна сезона се на мрежата на ЕСМ ќе треба да склучат нов договор со оваа државна фирма. Од ЕСМ информираат дека компанијата има свои правила за снабдување со топлинска енергија, и затоа е потребно да се склучат нови Договор.

    Потрошувачите на чии име се води парното греење во домот или објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со документ за лична идентификација и фактура или копија за топлинска енергија од претходниот снабдувач.

    Во Скопје има три пункта, со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 09 до 13:30 часот. Локациите се: Пункт Центар на улица Кочо Рацин бр.33 кај Олимписки базен, Пункт Исток на улица Јане Сандански бр.49-населба Аеродром и Пункт Запад на улица Лондонска бр.8- населба Тафталиџе.

    ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ