петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Компаниите се спремни за грејната сезона, уверува Бислимовски

    Според директорот на РКЕ, промените во сопственоста на „Топлификација“ нема да влијаат на цената на парното греење

     

    Компаниите се подготвени за грејната сезона, а во текот на овој месец  се прават таканаречени ладни проби, за да се видат инсталациите кај самите потрошувачите и доколу имаат пролем да се реагира навреме, изјави директорот на Реулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во денешното гостување во  „Студио 10“ на ТВ 24.

    „Околу 380 објеки се критични од аспект на непокриени сметки за потстаниците кои ги имаат и аплериаме до компаниите кои се задолжени за куќниот совет своите трошоци да си ги покријат со цел да немаат проблеми кога ќе почне сезоната. Во овој момент топланите во Скопје, додека беа кај ‘Топлификација’ имаа склучено договор со БЕГ – производство. Сега очигледно е дека нов сопственик ќе биде ‘Адора’. Ние на ‘Адора’, согласно Законот за енергетика, ќе и определуваме цена за топлинска енергија како регулиран производител. Од апсект на центаа ќе нема никаква промена кај граѓаните, бидејќи како што досега сме определувале цена во претходниот период, така на истите тие топлани ќе им определуваме цена и во наредниот период“, рече Бислимовски.

    ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА 9,3 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА КУПИ ТОПЛИФИКАЦИЈА

    Тој вели дека очекува „Адора“ да ја извести јавноста, откако официјално ќе стане сопственик и кога ќе се одржи стечајното собрание, дали ќе ја врши оваа дејност или ќе ги даде под наем топланите, како што беа давани во претходниот период на БЕГ- производство.

    „Граѓаните да бидат спокојни во текот на грејната сезоната. Нема да дозволиме никакви трансакции, ќе си останат тие компании кои си ја вршат дејноста. Се разбира за тоа и новиот сопственик ќе треба да склучи соодветен договор доколку има потреба со БЕГ производство. По Законот за енергетика топланите се регулиран прозиводител на кои цена им определува Регулаторната комисија за енергетика“, објаснува Бислимовски

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ