четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Комбинат за алуминиум во Црна Гора згаснува поради скапата струја

    Од Комбинатот соопштија дека нема да може да работат со новите цени на струјата и дека веројатно 500 луѓе ќе останат без работа.

     Раководството на Комбинатот за алуминиум (КАП) во Црна Гора им најави на своите работници да се подготват за постепено затворање на оддели во Електролиза, односно за  целосен прекин на производството на алуминиум од 15 декември поради високите цени на струјата од 1 јануари, кога им истекува постоечкиот договор за снабдување со Електростопанство, објавија “Вијести“ од Подгорица.

    КАП  сега ја плаќа струјата по цена од 45 евра за мегават, плус ДДВ, додека последниве месеци цената на меѓународните берзи достигна цена од 250 евра за мегават поради гасно-енергетската криза на целиот европски континент.

    Електростопанство на Црна Гора не се подготвени да трпат загуби, бидејќи самата набавува дел од увезената струја, поради што на КАП му дале понуда за следната година  да плаќа 183 евра за мегават, Комбинатот не може да го издржи.

    Од Унипром, кој стана сопственик на КАП во август по стечајот, потврдиле за „Вијести“ дека нема да може да работат со новите цени на струјата и дека во тие услови ќе ја затвори компанијата, а 500 луѓе ќе останат без работа.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ