сабота, јули 31, 2021
spot_img
Повеќе

    Кочани продава осум државни парцели за изградба на фотоволтаици

    Општина Кочани продава осум државни парцели за изградба на фотоволтаични централи со капацитет до 1 мегават.

    Општината  распиша 33. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба осум градежни парцели со намена комунална супраструктура, односно за градби за производство на енергија – фотоволтаични централи со капацитет до 1 мегават.

    Парцелите се наоѓаат во катастарската општина Тркање и се со површини од 18 835 до 24 130 метри квадратни.

    Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за фотоволтаици е до 24 ноември 2020 г., а јавното наддавање ќе се одржи на  26 ноември.

    Почетната цена за сите градежни парцели е 200 денари за метар квадратен.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја