четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Ќе се проширува опфатот на ранливи потрошувачи на енергија

    На денешната владина седница, е разгледана информацијата за формирање работна група за разгледување можност за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија

    Ќе се проширува опфатот на ранливи потрошувачи на енергија во земјава, според најавите од Владата.

    На денешната владина седница, е раазгледана информацијата за формирање работна група за разгледување можности за проширување на опфатот на ранливите потрошувачи на енергија во Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија.

    За утврдување на оваа можност, Владата ги задолжи Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство, Управата за јавни приходи и Министерството на финансии. Исто така, им се укажува на Регулаторна комисија за енергетика, ЕВН ХОМЕ, и Електродистрибуција, да номинираат по еден член и заменик-член во работната група. Министерството за труд и социјална политика, пак, се задолжува да номинира членови и заменици членови кои имаат пристап до бази на податоци, потребни за работната група да ги достават потребните информации до Министерството за економија како ресор носител на иницијативата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ