„Се уште е многу рано за да се зборува за било каква стабилизација на цените на гасот и електричната енергија. Иако просекот во јануари беше 150 евра за мегават час за разлика од август кога просечната цена на електричната енергија изнесуваше 495 евра за мегават час, грејната сезона се уште трае, исто така и воените дејствија во Украина, вели во интервју за порталот Пари, Јанис Јанопуос, главен извршен директор на ЕДС АД (Енерџи деливери солушан), компанија која е лидер во снабдувањето со електрична енергија на пазарот за квалификуван потрошувач и членка на грчката групација PPC SA.
Јанопулос посочува дека голем дел од договорите склучени во 2021 година биле активни и во 2022-ра и иако биле склучени по фиксни цени пониски од берзанските што им донело негативна позиција на приходната страна, ЕДС ги почитувала договорите.
Во најголемата криза приватниот сектор ја зголемил дисципината за навремено подмирување на обврските, но долгот на јавните претпријатија е огромен, вели Јанопулос.
Извршниот директор на ЕДС очекува напролет нивната PPC SA да го потпише договорот за ХЕЦ Чебрен, инвестиција што ќе обезбеди околу 1 TWh енергија годишно, повеќе балансирачка снага и енергија за нашиот електроенергетски систем, но исто така и огромен хидро акумулационен резервоар.
ЕДС со електрична енергија снабдува 578 правни субјекти од нив 264 се јавни претпријатија и институции, 314 приватни фирми. со електрична енергија снабдувате 578 правни субјекти од нив 264 се јавни претпријатија и институции, 314 приватни фирми.
ЕДС електрична енергија набавува генерално од три фокални извори: унгарската берза HUPX, енергија од мајка фирма PPC од Грција, како и од околу 60 домашни производители на електрична енергија од обновливи извори.
Целото интервју можете да го прочитате овде