четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Институциите заштедиле 24 отсто струја во октомври

    Институциите и јавните претпријатија во октомври оствариле заштеда на струјата од 24 отсто, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    -Во октомври споредено со ланскиот октомври сите институции имаат најмалку 15 отсто заштеда на енергија. Само во министерствата заштедиле 33 отсто – информира Бектеши.

    Лидер во заштеда на струја од 94 отсто во однос на ланскиот октомбри е  Министерството за животна средина. Најмала заштеда има министерството за образование од 24 отсто.

    – Заштедата на електрична енергија кај Министерство за информатичко општество изнесува 50 отсто, кај Министерство за локална самоуправа 58, во Министерство за транспорт и врски и Министерство за финансии заштедата изнесува 44 отсто, кај Министерството за труд и социјална политика 40, Министерството за економија заштедило 30 отсто електрична енергија, исто толкава е заштедата на Министерството за внатрешни работи – рече Бектеши.

    Административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО  имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември.

    -Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. При тоа најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто – информира Бектеши.

    Податоците покажуваат дека 19 јавни претпријатија во државна сопственост заштедиле струјаод 17 отсто. Вкупно 15 субјекти оствариле заштеда од 15 отсто.

    -Кај општините податоците покажуваат дека 65 општини заштедиле 15 отсто. Вкупно 16 општини не заштедиле ниту 15 отсто. Три опшини воопшто не заштедиле. Вкупно 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто – рече Бектеши.

    -Со рационално трошење на струјата ќе се овозможи намалување на сметките за струја и за граѓаните и за компаниите кои ќе станат поконкурентни. Ние како Влада ќе продолжиме да работиме и да носиме мерки се со цел оваа енергетска криза која ја зафати цела Европа да има најмали негативни ефекти за граѓаните, а со заеднички напори и штедење да има и најмали негативни ефекти за целата држава, потенцира Бектеши.

    Тој рече дека, ако не продолжи трендот на заштеда, тој предлага ригорозни казни за раководителите на институциите.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ