четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Грејната сезона во Скопје ќе почне една седмица порано

    РКЕ одобри од утре да почне испорака на топлинска енергија до потрошувачите во главниот град, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени

     

    Грејната сезона за скопјани годинава почнува една седмица порано.

    Од утре (7 октомври) почнува испорака на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Овие правила, додаваат од РКЕ, се утврдени во регулативата за испорака на топлинска енергија до потрошувачите

    „Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите, објаснуваат од РКЕ.

    При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, нагласуваат, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

    „Оваа година, грејната сезона почнува пред датумот што е предвиден за официјален старт – 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени. Затоа РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите“, посочуваат од регулаторното тело.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ