среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    Грција: Инвеститорите во фотоволтаични централи се соочуваат со нова давачка, надоместок за рециклирање од 7 € по панел

    Производителите на соларна енергија во Грција се очекува да се соочат со нов трошок оваа година, надоместок за рециклирање на панели, што се очекува да чини 7 евра за панел, што би ги зголемило вкупните инвестициски трошоци.

    Наметнувањето на ваков надоместок би ги чинело инвеститорите дополнителни 7.500 евра за фотоволтаичен парк од 500 kW.

    Иако оваа давачка е соопштена од официјалните лица минатото лето, законот ја има предвидено уште од 2014 година. Производителите на фотоволтаичните панели и увозниците на панели се тие кои ќе ја наплаќаат оваа давачка во име на државата.

    Во Северна Македонија сеуште нема најави за воведување на ваква давачка, но со усогласувањето на регулативите на европскиот пазар се очекува да има ваков трошок за идните инвеститори во фотоволтаични централи.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ