петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Грција е лидер во воведување на обновливи извори во 2020 година на Балканот со 45,5 GW

    Минатата година и покрај неодамнешното намалување на државната поддршка за зелената енергија, Грчкот регулаторниот орган за енергетика (РАЕ) регистрираше 1.864 апликации во комбиниран капацитет од 45,5 GW, од кои 79,8% се наменети за соларна енергија. Повеќето апликации, 1.286, биле за фотоволтаици, со вкупен капацитет од 36,3 GW. Ветерните електрани учествуваат со 423 проекти и 8,7 GW.

    Според “Енерџипрес“ новиот систем за онлајн апликации, развиен од космОНЕ и воведувањето на сертификати за производители и целниот модел на Европската унија за пазарот на електрична енергија значително ја намали постапката.

    Грција во последно време доживеа експлозија во проектите за обновливи извори, што се припишува претежно на рапидниот пад на цените на опремата за соларни и ветерни електрани, конкуренција на аукции за продажба на производството од планирани објекти и поедноставување на постапката за лиценцирање.

    Владата во Атина и државната енергетска компанија ДЕИ (ППЦ) го предводат патот од пред една година со одлуката да се забрза исклучувањето на електраните на јаглен и да се заменат претежно со фотоволтаици. Во тек се големи напори да им се помогне на работниците во застарената индустрија да најдат други извори на приход. Понатаму, се формираат програми за трансформација на регионите погодени од исфрлањето на јагленот.

    Грција исто така овозможи формирање енергетски задруги. Општините и локалните институции инсталираат фотоволтаични единици за да ги намалат трошоците за напојување и да им помогнат на ранливите групи, додека домаќинствата, па дури и манастирите ги здружуваат силите за изградба на соларни централи.

    Само овој месец, четири проекти за зелена енергија од вкупно 2,8 GW добија статус на стратешки инвестиции. Револуционерен проект за одржлива енергија и мобилност започна во ноември на островот Астипалеа во соработка со Фолксваген.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ