сабота, октомври 23, 2021
spot_img
Повеќе

    Горивата поскапуваат од половина до 1,5 денар

    Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, за денар поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71 денар за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС -98  ќе чини 73 денари, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63 денари за литар, а се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 1,144 денари и ќе изнесува 37,152 денари за килограм.

    Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 процент.

    РКЕ во образложението на одлуката наведува дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,671 процент, дизелот за 1,433 проценти, екстра лесното масло за 1,411 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,244 процемнти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,332 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја