четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Големо намалување на производството на електрична енергија за разлика од лани

    Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на електрична енергија во август 2020 година, за разлика од ланското производство во август, се намали за големи 10%. Овогодинешното производство е 478.795 MWh, додека ланското производство во август беше 531.749 MWh.

    Падот на производството од термоелектраните е дури 58%, производството годинава во август беше 121.516 MWh, споредено со ланското производство во овој период од 289.299 MWh.

    Производството на електрична енергија од хидроцентралите од друга страна бележи огромен раст од 95,5%! Ветерните електрани исто така го зголемија производството за големи 60,9% од август 2019 година и август 2020 година. Оваа година имаме рекордно производство на струја од ветерна енергија, како што веќе објавивме на нашиот портал.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, 94,7 проценти од потрошената електрична енергија е од домашни извори.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ