петок, февруари 3, 2023
spot_img
Повеќе

    ЕВН најавува исклучување на струјата на Клинички – на списокот за исклучување и МЖ

    Доколку ЕВН не добие гаранција, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе остане без електрична енергија, јавува Сител.

    Информацијата била потврдена и од компанијата, а се работи за долг од 7 милиони евра.

    Исто така, Клинички не е единствената институција на списокот за исклучување.

    Тука се и Македонски железници транспорт, кои добиле предупредување од ЕВН дека за две недели би можело да им се исклучи струјата доколку не ги подмират долговите.

    Нивниот долг е нешто помал и изнесува околу 6 милиони евра.

    Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека државата ќе ги помогне финансиски.

    „Клинички не смее да остане без струја“, додаде Ковачевски.

    Според информации на Сител, предупредување за исклучување на струјата добиле и затвори, судови, како и факултети.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја