петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕУ постигна начелен договор – руската нафта по 60 долари за барел

    Владите на земјите од Европската Унија вчера начелно се договорија да ја ограничат цената на руската нафта која доаѓа по морски пат на 60 долари за барел, јави Ројтерс повикувајќи се на изјава на неименуван дипломат од ЕУ.

    Според него, ценовната граница би се имплементирала со примена на механизам за корекција што треба да ја задржи горната граница на цената на 5,0 отсто под пазарната цена.

    „Блумберг“, исто така,  објави дека е постигнат рамковен договор за ограничување на цената на 60 долари.

    Њујоршката агенција забележува дека ЕУ е во ќорсокак по ова прашање од минатата недела, бидејќи Полска, Естонија и Литванија инсистираа дека првично предложената граница од 65-70 долари за барел е „премногу дарежлива“ за Москва и наместо тоа, треба да се постави на 30 долари.

    Од друга страна, големите поморски земји, вклучувајќи ги Грција, Малта и Кипар, се залагаа лимитот да биде поставен на околу 70 долари за барел.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ