четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ со највисоко дневно производство во последните 10 години

    АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 21.229 мегават часови електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години, информираат од компанијата.

    Во Термоелектраните произведени се 14.085 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 7.144 MWh.

    -Во моментот произведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци, додека хидроелектраните се користат само за системски и балансни услуги, притоа зачувувајќи ги акумулациите на речиси просечното десетгодишно ниво, посочуваат од АД ЕСМ

    НАЈНОВИ ВЕСТИ