петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    ЕСМ од вторник ќе соопшти кој се јавил на тендерот за снабдување со природен гас

    АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како  што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени  понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил.

    Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ претходно го повика Макпетрол да достави до нив нова понуда за гас, откако компанијата соопшти дека навремено не добила побарување од ЕСМ за гас поради што не ги платила потребните количини до нивниот доставувач Гаспром за ноември.

    Според најавите, имаше уште две компании кои беа заинтересирани да достават понуда на тендерот за снабдување со природен гас за ноември годинава за потребите на топланите, а постоеше можност понудите да бидат за целата грејна сезона, вклучително и за работата на когенеративната постројка ТЕ-ТО.

    ЕСМ бара нешто над 250 милиони кубни метри гас за двете топлани Исток и Запад, но и за да се стави во функција и ТЕТО.

    Во меѓувреме, се трошат последните количини на гас кои беа набавени пред почетокот на грејната сезона, а се доволни до крајот на месецов. Доколку, пак, не се склучи договор за овој енергенс, од  ЕСМ тврдат дека се прават сите подготовки топланите да може веднаш да почнат да работат и на дизел, кој би се набавил на јавен повик или, пак, во краен случај би се активирале државните резерви.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ